Се затегнуваат условите за „германска пензија“
Канцеларот Олаф Шолц смета дека бројот на предвремени пензионирања е превисок. Успехот во животот на Балканот – „германската пензија“ може да стане потежок остварлив, ако се суди според тврдењата на првиот човек на германската влада.
Препорачано
Како што јави Дојче веле, канцеларот Олаф Шолц пред неколку дена најавил дека владата ќе се обиде да го ограничи бројот на предвремени пензионирања за да спречи потенцијална криза на пензискиот систем.
Тамошните економисти веќе извесно време предупредуваат дека најголемата европска економија се соочува со недостиг на работна сила, па нема доволно работници за да се пополнат пензиските фондови и со тоа да се финансира исплатата на пензиите на постојните пензионери. За ситуацијата да не се влошува, работниците треба што подолго да се држат на работното место, смета канцеларот Шолц, пренесува Пословни хр.
„Мора да се зголеми бројот на оние кои навистина можат да го завршат целиот свој работен век“, изјави Шолц за германските медиуми.
Иако Германија има намера да ја подигне старосната граница за пензионирање од 65 на 67 години до 2031 година – а во земјата има контроверзии за потребата дополнително да се зголеми возраста – се повеќе работници заминуваат во пензија на 63 или 64 години. Имено, од 2014 година тамошните работници имаат право на државна пензија на 63 години без намалување на износот доколку го исполнат условот од 45 години стаж. Според пресметките на Берлин, околу 200.000 работници секоја година одат предвремено пензионирање.


