Се продолжува важноста на сертификатите на професионалните возачи

Превозниците во вонредна состојба дневно ќе возат по 11 часа, а ова е дел од новите уредби со кој се предвидува побрз транспорт.

Се зголемува дневното време на управување со возило на мобилните работници во патниот сообраќај од 9 на 11 часа додека трае вонредната состојба, а дополнително се одложуваат полагањето на испитите и рокот на важење на сертификатите за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и возач за учество во меѓународен патен сообраќај, како и за превоз на опасни материи, информираше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Со цел побрзо реализирање на транспортот, нагласи Сугаревски, Владата донесе уредба за примена на Законот за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и тахографите, која предвидува зголемување на дневното време за управување со возило додека трае вонредната состојба од 9 на 11 часа, а возачите ќе може да возат 5 и пол часа, по што ќе треба да направат пауза од најмалку 45 минути.

– Неделното време за управување со возило во тек на вонредната состојба се зголемува од 56 на 60 часа. Вкупното време на управување со возилото во текот на кои било две последователни недели се зголемува од 90 на 100 часа. Возачите ќе може да возат 5 и пол часа, а потоа ќе треба да направи пауза од најмалку 45 минути. Редовниот дневен одмор за траење на вонредната состојба се намалува од 11 на 9 часа, изјави Сугаревски.

Со овие уредби за транспорниот сектор, целта на Владата е да го олесни работењето на транспортерите и од финансиски и од временски аспект.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот