Се подготвувавме за најлошото: Роднина на Мадона ја откри состојбата на пејачката

Фото: Инстаграм/ Madonna

Состојбата на Мадона беше толку сериозна што нејзините роднини „се подготвуваа за најлошото“, изјави член на семејството за „Дејлимеил“.

Мадона со недели напорно вежбаше за нејзината „Слебрејшн тур“ (Celebration Tour), турнеја на која требаше да прослави 40 години од нејзината кариера, но за жал, не успеа да ги реализира плановите бидејќи итно беше хоспитализирана.

Сега нејзиниот роднина се огласи по веста дека 64-годишната кралица на попот е итно пренесена во болница.

„Изминативе денови никој не знаеше во која насока ќе оди ова, ситуацијата беше толку сериозна што се подготвувавме за најлошото. Затоа од саботата сè чувавме во тајност. Верувавме дека можеме да ја изгубиме, изјави роднината на Мадона.

„Ова беше шок. Мадона верува дека е непобедлива и сериозно се подготвуваше за турнејата, но се префорсира“, додаде тој.

Фото: Инстаграм/ Madonna

Во средата, нејзиниот менаџер Гај Осери објави дека пејачката боледува од „сериозна бактериска инфекција“ и дека ѝ треба време да се опорави, па затоа ја одложи нејзината турнеја, која требаше да започне во Ванкувер на 15 јули.

Мадона беше пронајдена во својот дом во Њујорк минатиот викенд, онесвестена и итно беше пренесена во болница.

Завршила на интензивна нега каде била интубирана и сега е будна и закрепнува. Нејзината ќерка Лурд е постојано со неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот