Се огласи ќерката на Гвинет Палтроу по обвинувањата за злоставување во училиште
Ќерката на Гвинет Палтроу и Крис Мартин, Епл Мартин, се огласи по скандалот кога беше обвинета во училиште за злоставување (булинг), по што наводно била исфрлена од училиштето. Дваесет и едногодишната Епл во понеделник преку својот Инстаграм ги демантираше тие тврдења, нарекувајќи ги „целосно неточни“, пренесува „Космополитен“.
Препорачано

Ќерката на актерката сподели порака напишана до анонимен профил, нагласувајќи дека сака да објави „само кратка порака од себе“:
– Здраво! Не планирав да се огласувам, но оваа приказна е целосно лажна и излезе од контрола. Никогаш не сум исфрлена од ниту едно училиште, а особено не поради злоставување на било кого. Целосно разбирам дека некои луѓе можеби не ме сакаат и тоа е во ред! Интернет е место каде луѓето можат да ги изнесуваат своите мислења. Но, оваа гласина е апсолутно неточна. Јас не сум таква личност и секој кој ме познава тоа го знае – напиша таа на Инстаграм.
Да потсетиме, Епл се соочи со обвиненија за несоодветно однесување во 2024 година, откако се појави снимка од парискиот бал на дебитантки „Le Bal des Débutantes“. На снимката, наводно, се обидела да го попречи фотографирањето на друга дебитантка и превртувала со очите кон својата придружничка.
По тоа, извор близок до Гвинет Палтроу изјави дека нејзината ќерка е личност која поддржува други девојки, а не „лошо девојче“:
Епл е разиграна и забавна, таа навистина поддржува други девојки. Никогаш намерно не би се обидела да му одземе внимание на некој, тоа не ѝ беше намера. Опишувањето како лошо девојче е целосно погрешно.
Изворот исто така нагласи дека Епл имала „добар однос“ со својот аристократски придружник, гроф Лео Кози Хенкел фон Донерсмарк, и дека превртувањето со очите било шега:
– Камерите ги снимаа целиот ден и тие се шегуваа. Беше целосно во шега, никако подмолно или негативно – додаде изворот.


