Се бакнаа и скокнаа во смрт: Арсен и неговото момче објавија тажни фотографии, па извршија самоубиство

Тигран и Арсен/Фото: Принтскрин/Инстаграм/RAYYYYENNNN

Млад пар објави фотографии од нивниот последен бакнеж пред да скокне во смрт од мост во Ерменија, тврди локална ЛГБТ група.

Тигран и Арсен објавиле фотографии на Инстаграм од нивните последни моменти со порака: „Среќен крај. Одлуката да ги објавиме фотографиите и нашите следни чекори ги донесовме двајцата“.

Парот потоа скокнал од 95-метарскиот мост Давташен во Ереван, соопшти „Пинк Ерменија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rayyyyyyennnn (@rayyyyennnnn)


Локалните медиуми наведуваат дека родителите на момчињата не ја прифатиле нивната врска, а се верува дека Арсен побегнал од дома, иако нема официјална потврда.

– Годините се пред вас, но поради нетрпеливост кон нив, тие направија таков трагичен чекор – навела групата за човекови права за „Пинк Ерменија“.

Како што велат, „на ЛГБТ луѓето многу добро им е познато чувството на изолација и неразбирање на семејството и општеството. Овој трагичен случај уште еднаш докажува дека ЛГБТ лицата во Ерменија не се безбедни и не се заштитени од општеството или државата“, се наведува.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Rayyyyennnnn

„Пинк Ерменија“, исто така, тврди дека објавата на парот била преплавена со гнасни хомофобични коментари по нивната смрт, пишува „Дејли мејл“.

Хомофобијата е голем проблем во Ерменија и многу ЛГБТ парови се соочуваат со дискриминација во поранешната советска нација. Хомосексуалноста беше декриминализирана дури во 2003 година и многумина и понатаму одлучуваат своите врски да ги држат во тајност.

Земјата е рангирана на 47 место од 49 во Европа за правата на ЛГБТ, а заостануваат само Русија и Азербејџан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот