Сања Барби и Џамбо станаа рапери: Погледнете ја нивната заедничка песна и спот! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Фолкерката Сања Цинцева го промовираше видеото за темата „Барбика кралица“ која што ја сними заедно со Џамбо Агушев.

Станува збор за рефрен кој што го потпишуваат Борче Нечовски и Дејан Момировски, додека, пак, видеото е дело на Дарио Јанковиќ.

Фото: Промо

– Tемата е модерна, летна и сите прогнози се дека ќе прерасне во вистински хит. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне ова што го сработивме заедно со тимот, станува збор за нов звук, нешто што досега кај нас го немало и сигурна сум дека ќе имаме позитивен фидбек – Сања која во спотот се појавува во неколку провокативни комбинации, а задолжени за стајлинзите и изгледот беа Викторија Петров Бурсаќ и Даниел Николовски.

Сања вели и дека искрено се надева оти наскоро ќе може да им се врати на настапите и потенцира колку многу и недостасува дружбата со публиката.

„Се надевам дека наскоро ќе се врати се во нормала и дека публиката ќе има можност да ја чуе во живо „Барбика кралица“, додаде пејачката.

Погледнете како изгледа:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот