Сахарска прашина и каллив дожд ќе ја гушат Грција
Во комбинација со нови временски фронтови, концентрираната прашина ќе предизвика локализирани „калливи врнежи“, дожд измешан со ситен песок, особено на Јонските Острови и во копнениот дел на Грција.
Грција се подготвува за задушувачки бран на африканска прашина и невообичаено високи температури оваа недела, при што метеоролозите предупредуваат на значително влошен квалитет на воздухот и појава на каллив дожд низ целата земја, објави „Ефимерида“.
Препорачано
Метеорологот Јанис Калијанос соопшти дека воздушни струења од Северна Африка ќе ги подигнат температурите далеку над 21–22 степени во повеќето региони.
Тој нагласи дека овие топли воздушни маси ќе создадат невообичаено топла, пролетна атмосфера, што е нетипично за овој период од годината.
Сепак, главниот временски феномен оваа недела ќе биде густ облак од сахарска прашина. Честичките во воздухот ќе станат силно забележливи, значително намалувајќи ја видливоста и дополнително оптоварувајќи ја атмосферата низ целата земја.
Би-би-си: Маскирани мигранти тајно работат за грчката полиција, бркаат други мигранти
Во комбинација со нови временски фронтови, концентрираната прашина ќе предизвика локализирани „калливи врнежи“ — дожд измешан со ситен песок — особено на Јонските Острови и на копнениот дел на Грција.
Неповолните временски услови постепено ќе се движат кон исток во текот на неделата.
До четврток, калливиот дожд се очекува да се прошири кон островот Крит, а до петок да ги зафати централниот, источниот и јужниот дел од Егејското Море, оставајќи слој нечистотија врз голем дел од морската територија.
ФОТО: Грчката полиција се пошегува за сахарската прашина и ги предупреди граѓаните


