САД го ставија на црна листа Фадил Новалиќ, премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина

Фото Архива

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави воведе санкции против премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, поради поткопување на демократските процеси, соопшти денеска Американската амбасада во Босна и Херцеговина.

На американската „црна листа” се најдоа и бањалучкиот бизнисмен, босанскиот Србин Слободан Станковиќ и неговата компанија „Интеграл Инжењеринг” од Лакташи, поради поврзаност со лидерот на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик, кој одамна на црната листа.

„Во неделата пред изборите во 2018 година, Новалиќ ги искористи информациите за пензионерите добиени преку неговата официјална позиција за да испрати писма во кои ги набројува своите достигнувања и ветува дека ќе ги зголеми пензиите во земјата каде што прашањето за пензиите има силно политичко значење”, се наведува на веб-страницата на Министерството за финансии на САД.

Се додава дека тој е ставен на „црната листа” поради директно и индиректно учество во акции или политики кои ги поткопуваат демократските процеси или институции во Западен Балкан.

„Соединетите Американски Држави ќе ги искористат сите средства што им се на располагање за да ги повикаат на одговорност оние кои ги поткопуваат демократските процеси во Босна и Херцеговина или поддржуваат дестабилизирачки активности”, објави Американската амбасада во Босна и Херцеговина на својот Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот