Јелена Томашевиќ/Фото: Инстаграм/Јелена Томашевиќ/Алекс Дмитровиќ

„Докторки од публиката ми пружија прва помош на сцената“: Јелена Томашевиќ првпат во јавност откако се сруши на настап

Српската музичка ѕвезда Јелена Томашевиќ неодамна се сруши во текот на настапот во Бар, а нејзиното прво појавување во јавноста по тој инцидент се случи синоќа на хуманитарниот „Концерт за ангелите“ во Сава центар во Белград, посветен на жртвите од основното училиште „Владислав Рибникар“. Јелена Томашевиќ настапила меѓу многуте пејачи.

Непосредно пред почетокот на концертот, Јелена Томашевиќ дала изјава за медиумите, при што открила дека нејзините емоции се измешани, како и на другите нејзини колеги.

Пејачката синоќа раскажала поради што се случилa несреќата на настапот во Бар, поради што концертот беше прекинат, а таа веднаш беше хоспитализирана.

– Добив вирус кој го воспали средното уво и ги наруши кристалите во моите уши. Дури и се пошегував следниот ден дека добив вертиго затоа што испеав песна со тој наслов. Тоа е минливо, отидов кај лекарка која, со еден маневар, ми ги намести кристалите во моите уши и ми престанаа вртоглавиците, но морав неколку дена да мирувам – рекла Јелена и додала:

– Искрено, ништо слично никогаш не ми се случило. Претходниот ден имав снимање, не сакав да го откажам концертот поради вирусот. Тоа утро добив вртоглавици кои се смирија во текот на денот, а вечерта повторно се вратија. Да знаев, ќе го откажев концертот навреме, немаше себеси да се доведам во таква ситуација. Сите веднаш притрчаа да помогнат, брзата помош, лекарките од публиката ми пружија прва помош и им благодарам на сите, навистина се чувствував згрижено.

 

ФОТО | „13 години убавина со тебе“: Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ имаат повод за славење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот