Руска олимписка шампионка има луда теорија за пандемијата на коронавирусот

твитер

Светлана Коркина, легендарна руска гимнастичарка стана предмет на потсмевање по изјавата за причината за појавувањето на коронавирусот.

Таа е двојна олимписка и деветкратна светска шампионка во гимнастика, а во кариерата има освоено дури 40 медали на големи настани. Коркина има девет медали од Олимписките игри, од кои два се златни, од Атланта (1996) и Седнеј (2000).

твитер

По завршувањето на спортската кариера, Светлана Коркина започна нова кариера, политичка, таа е дел од партијата на рускиот претседател Владимир Путин.

Поранешната олимписка шампионка на свој начин се носи со пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, таа пред руските медиуми изнесе луда теорија за појавувањето на вирусот, Коркина тврди дека станува збор за божја казна наменета за западниот свет поради нападот на Русија.

– Ова се случи поради нападот на Русија и на нејзините спортисти. Сево ова е испровоцирано. Има причини зашто во нашата химна се вели „Бог ја чува нашата земја“. Ова е еден вид на божја казна – смета легендарната руска гимнастичарка.

Да потсетиме дека светската антидопинг агенција (ВАДА) ја суспендира Русија и нејзините спортисти поради системски допинг, во наредните четири години тие не смеат да настапуваат на најголемите спортски настани во светот.

Коркина исто така ја поздрави одлуката на ИОК и на владата на Јапонија да се одложат Олимписките игри во Токио за една година, а смета дека за тоа време Русија ќе успее да докаже дека нејзините спортисти се невини и дека ќе можат да настапуваат под риско знаме на сите големи настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот