Русија поради допинг исфрлена од Олимписките игри во Токио и СП 2022!

фото:Twitter/olympics

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) ги казни спортистите од Русија кои во наредните четири години нема да можат да се натпреваруваат во ниту еден голем настан под своето знаме и химната на својата држава.

На тој начин Русија повторно на Олимписки игри, сега во Токио 2020. година, ќе биде без знаме, додека иста ситуација ќе биде и на Светското првенство во фудбал 2022. година во Катар.

Само спортистите кои докажуваат дека не се допингувани и дека не се вклучени во споменатиот скандал, ќе имаат право да се натпреваруваат на најголемите спортски настани, но не како претставници на Русија, ќе бидат без химна и знаме, туку под „неутрално знаме“.

Воедно ВАДА ѝ го одзема правото на Русија да организира големи меѓународни спортски натпреварувања и аплицира за нивна организација во наредните четири години, вели директорот на Руската антидопинг агенција (РУСАДА), Маргарита Пахнотскаја.

Оваа казна и се однесува на кошаркарската репрезентација на Русија која е во ждрепката за квалификациските турнири за ОИ сместена во Сплит (Хрватска).

Интересно е тоа што казната не се однесува на наредното Европско фудбалско првенство 2020, бидејќи Русија е еден од домаќините.

Оваа одлука на ВАДА е донесена со едногласна одлука на состанокот во Лозана и со неа практично ја продолжи суспензијата која трае од 2015. година и тогаш се однесуваше на натпреварувањата во атлетика.

Русија има 21 ден да се жали на оваа одлука. Да потсетиме, претходно 168 спортисти од Русија се натпреваруваа под „неутрално знаме“ на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, додека 111 спортисти од оваа земја беа суспендирани од Летните олимписки игри во Рио 2016. година поради допинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот