Русија без име, знаме и химна на следните две Олимписки игри!

Фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Русија нема да може да го користи своето име, знаме и химна на следните две Олимписки игри или на кое било Светско првенство во наредните две години по денешната пресуда од Спортскиот арбитражен суд.

Судот со седиште во Лозана ја преполови четиригодишната забрана предложена минатата година од Светската антидопинг агенција, информира „АП“.

Обвинувањата се дека руските државни власти учествувале во манипулации поврзани со употреба на недозволени средства.

Пресудата на Арбитражниот суд за спортови исто така на две години ѝ забрани на Русија да аплицира за одржување на најголемите спортски настани.

На руските спортисти и тимови ќе им биде дозволено да се натпреваруваат на Олимписките игри во Токио следната година и Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг, како и на светските шампионати, вклучувајќи го и фудбалското СП 2022 година во Катар, доколку нема повторно позитивни тестови на допинг контроли.

Дел од пресудата на ЦАС може да се смета и за минимална победа на Русија, бидејќи иако не може да настапи под своето име, на нивната спортска опрема може да остане името на земјата,  но под услов покрај тоа со иста големина да биде напишано „неутралните спортисти“ или „неутралниот тим“.

Воедно Русија мора да плати 930.000 евра до Светската антидопинг агенција, со која го водеше случајот пред ЦАС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот