„Ролинг Стоунс“ најавија реиздание на албумот од 1973-та, пристигнуваат и три досега необјавени песни

ролинг стоунс
Фото: Профимедиа

Обожавателите ќе имаат прилика да слушнат десет бонус песни, меѓу кои ќе се најдат и три досега необјавени песни.

Легендарниот бенд „Ролинг Стоунс“ откри дека еден од нивните албуми ќе доживее реиздание. Станува збор за „Goats Head Soup”, објавен во 1973 година, пишува „The Guardian“.

Обожавателите ќе имаат прилика да слушнат десет бонус песни, меѓу кои ќе се најдат три досега необјавени пресни: „Criss Cross”, „All The Rage” i „Scarlet”.

Реизданието на албумот е најавено за 4-ти септември, а ќе биде достапно во сите формати, вклучувајќи и CD изданија во четири делови и бокс-сет. Бокс-сетовите ќе го имаат и „Brussels Affair” лајф албумот со 15 песни снимени во 1973 година за време на концертот во Белгија.

Покрај наведените музички изданија, ќе биде достапна и книга со 100 страници која содржи фотографии и есеи чии автори се Ин Мек Кен, Ник Кент и Дерил Исли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот