Ролан Гарос: Успешен старт на Надал и Серена Вилијамс

epa08704230 Rafael Nadal of Spain in action against Egor Gerasimov of Belarus during their men?s first round match during the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 28 September 2020. EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Бранителот на трофејот, Рафаел Надал, оствари рутински триумф Јегор Герасимов од Белорусија во три сета со 6:4,6:4,6:2 и го започна походот на 13. титула на Ролан Гарос.

Првите два сета, Надал ги доби на речиси идентичен начин, со по еден брејк, во првиот сет тој направи брејк во петтиот гем, додека во вториот сет брејкот се случи во третиот гем.
Во третиот сет рутински Надал дојде до убедливи 6:2 и пласман во второто коло каде го очекува Американецот Мекензи Мекдоналд кој е 236. на АТП ранг листата и во првото коло беше поуспешен од Канаѓанецот Дијез во четири сета.

Дербито на првото коло на Ролан Гарос беше помеѓу шампионот од УС Опен, третиот носител Доминик Тим и Хрватот Марин Чилиќ. На крајот Тим оствари лесен триумф во три сета (6:4,6:3,6:4). Норвежанецот Каспер Руд продолжува со одличните игри и во првото коло со 6:1,6:3,6:1 го победи Јапонецот Сугита.

Мало изненадување претставуваа елиминациите на домашниот тенисер Гаел Монфилс од Бублик во четири сета (6:4,7:5,3:6,6:3) и на талентираниот Канаѓанец Оже-Алиасим кој е поразе од Нишиока.

Кај дамите, Серена Вилијамс по неизвесниот прв сет кој го доби во тај брејкот, во вториот сет не загуби ниту еден гем во дуелот со сонародничката Ан.
Тај брејк во првиот сет играше и Елена Свитолина која е трета носителка против Русинката Грачева, но работата ја заврши во два сета (7:6,6:4). Поранешната шампионка на Ролан Гарос, Гарбине Мугуруза многу потешко од очекувањата со 7:5,4:6,8:6 ја победи тенисерката од Словенија, Тамара Зиданшек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот