Ролан Гарос: Рутински триумф на Циципас, маратонот му припадна на Нишикори

epa09243455 Stefanos Tsitsipas of Greece celebrates after winning the 2nd round match against Pedro Martinez of Spain at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 02 June 2021. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Петтиот носител Стефанос Циципас рутински обезбеди пласман во третото коло на Ролан Гарос откако со 6:3,6:4,6:3 го победи Педро Мартинес. Циципас до победата на „Сузан Леглен“ дојде за два ипол часа игра, а мечот го заврши со 45 винери и 30 грешки.
Почетокот на мечот понуди голема борба, Мартинес прв направи брејк и поведе со 2:3, но одговорот на Циципас беше брутален, ги освои наредните четири гема и го освои сетот со 6:3.
Во вториот сет, Циципас успеа да направи еден брејк повеќе од противникот кој беше доволен да поведе со 2:0 по што во последниот трет сет да поведе со 4:1 и рутински да го заврши мечот.
Следен противник на петтиот носител ќе му биде Џон Изнер кој го елиминира Филип Крајиновиќ со 7:6,6:1,7:6.

За разлика од Циципас кој работата ја заврши во три сета, Кеи Нишикори и Карен Хачанов одиграа вистински маратон во пет сета. Јапонецот по речиси четири часа игра славеше со 4:6,6:2,2:6,6:4,6:4 и Нишокори во третото коло го очекува 150. тенисер на АТП ранг листата Хенри Лаксонен кој направи изненадување со победата над 11. носител Роберто Баутиста Агут во четири сета со 6:3,2:6,6:3,6:2.
Фабио Фоњини ја опвда улогата на фаворит против Мартон Фучович со славеше во три сета со што си закажа пресметка со Фередико Делбонис кој во пет сета беше подобар од Пабло Андухар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот