Во родниот лист на малиот Арчи стои точната титула на Меган Маркл (ФОТО)

Instagram
инстаграм

Раѓањето на малиот Арчи Моунтбатен-Виндзор во изводот од матичната книга на родените го запишал неговиот татко, принцот Хари. Во неговиот извод на матичната книга на родените, како и во сите други, се наведува кога и каде е роден како и информациите за родителите.

Во изводот од матичната книга на родените на Арчи пишува дека неговата мајка е „принцеза на Обединетото Кралство“. Имено, Британците претходно веруваа дека таа е само војвотка од Сасекс, па не ни знаеа дека таа е навистина принцеза, објави „Мирор“.

принтскрин/инстаграм

Целата титула на Меган е Нејзиното кралско височество принцезата на Хенри од Велс. Интересно е што Британците беа многу изненадени од титулата на Меган, со оглед дека Кејт Мидлтон исто така во изводите на раѓање на своите деца напишала дека е принцеза.

Освен тоа, се покажало дека иако се опседнати со Меган, некои Британци дури и не ги знаат најосновните податоци за неа, како нејзиното име. Имено, Меган е нејзиното средно име, а првото име и е Рејчел.

View this post on Instagram

Happy UK Mother’s Day!!! ???

A post shared by Meghan Markle (@hrhofsussex) on

Бидејќи таткото Томас Маркл и мајката Дорија Раглан ја викале Меган уште од раѓањето, а и сите нејзини пријатели ја нарекуваат така, кога започнала да се занимава со глума, се претставувала себеси како Меган. Освен тоа, во изводот од матичната книга на родените и вистинското име на Хари е Хенри.

Иако тоа го криеа од јавноста, во изводот е напишано и каде е роден Арчи. Момчето е родено во приватната болница Портланд во Вестминстер, Англија, каде едно ноќевање чини околу 23.000 фунти. Ова не изненадува со оглед на тоа што е на менито се наоѓа јастог, а новопечените мајки можат да го прослават раѓањето на своето потомство со шампањско.

Вчера беше објавено и дека Меган Маркл откако одлучи да му се врати на Холивуд, сака да соработува само со врвни режисери со цел нејзините ангажмани да бидат сериозно сфатени и дека останатите се под нејзино ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот