Роберт Де Ниро е ѕвездата на новата урнебесна комедија – Погледнете го трејлерот (ВИДЕО)

Фото: IMDb

Познатиот актер Роберт Де Ниро неодамна наполни 77 години, но се уште тој е многу активен во Холивуд. Минатата година го видовме во многу успешните филмови „Џокер“ и „Ирецот“, додека во 2020. година тој ќе биде sвезда на две комедии.

Едната од нив, наречена „The Comeback Trail“, ќе биде објавена на 13. ноември, а друштво ќе му прават уште двајца холивудски ветерани, Морган Фримен и Томи Ли Џонс.

„The Comeback Trail“ е преработка на истоимениот филм од 1982 година. Тоа е приказна за двајца филмски продуценти кои и должат пари на мафијата. Доаѓаат до идеја да започнат да снимаат филм единствено со цел да се случи несреќа на сетот што ќе го убие главниот актер, што ќе им овозможи да земат пари за осигурување и да го отплатат долгот. Сепак, тоа ќе биде многу потешко да се спроведе, потешко од тоа што го очекуваа тие.

Оваа црна комедија беше во режија на Џорџ Гало, кој заедно со Џош Поснер го напиша и сценариото.

Во филмот „The Comeback Trail“, покрај горе споменатите актери, играат и Емил Хирш, Зак Бреф, Кејт Кацман и Еди Грифин.

Погледнете го трејлерот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот