Рјабоволова во полуфиналето на меѓународниот турнир во борење во Софија

фото: facebook.com/bfrsm.mk

Македонските борачи настапуваат на 60 издание на меѓународниот турнир „Дан Колов – Никола Петров“ во спортската сала „Левски Софија“ во Бугарија. На овој турнир учествуваат 400 борачи од 40 земји.

Во женска конкуренција Вероника Рјабоволова во категоријата -50 кг. на стартот ја совлада С. Хамди од Тунис. Хамди е африканска шампионка, медалистка од Светско првенство учесничка на Олимпијада.

Во четвртфиналето Рјабоволова славеше победа со туш против М. Јонехара од Јапонија.

За влез во големото финале нашата натпреварувачка ќе ги одмери силите со М. Стадник од Азербејџан.

Могамедгаџи Нуров добро стартуваше со триумф против Аргентинецот Баез, а потоа загуби од Иранецот Д. Шариатиниа во четвртфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот