Ристовски ќе добие нов договор и намалување од 40 проценти на платата

EPA-EFE/DOMENECH CASTELLO

Спортинг Лисабон се договори со фудбалерите меѓу кои е и Стефан Ристовски, за намалување на платите додека не помине кризата предизвикана од ковид-19.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се очекува во најскоро време да потпише нов договор со Спортинг Лисабон.

Но, додека чека официјално да биде ставен потпис на новиот договор, Ристовски ќе зема 40% помала плата како една од мерките за надминување на финансиските проблеми на португалскиот тим поради пандемијата на коронавирусот.

Според информациите на португалските медиуми, на состанокот меѓу раководството и фудбалерите на клубот договорено е играчите да земаат 40% помала плата, додека чечниците на екипата ќе земаат 50% помали плати.

Пандемијата на коронавирусот не ја одмина Португалија чие првенство е суспендирано од минатиот месец, поради што екипите трпат големи финансиски губитоци, а меѓу нив е тимот на Ристовски. Се очекува во текот на неделава и преостанатите два клупа од големата португалска тројка,
Порто и Бенфика, да реагираат со слична одлука.

Според последните информации, во Португалија има нешто повеќе од 16.500 лица заразени со ковид-19, а се починати 504 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот