Лисабонските „лавови“ со нов договор за Ристовски!?

фото: твитер

Според португалските медиуми, македонскиот одбранбен репрезентативец би можел уште две години да остане во редовите на Спортинг.

Како што информира португалскиот веб портал „record.pt“, пандемијата на коронавирусот не ги менува плановите на лисабонските „лавови“.

Изворот вели дека Спортинг Лисабон ќе ја активира опцијата и биде продолжена соработката со Стефан Ристовски на уште две години.

Важечкиот договор на нашиот дефанзивец со клубот истекува на 30 јуни 2022 година. До прекинот на сезоната во португалскиот шампионат имаше 13 настапи, а неговата екипа се наоѓаше на третото место далеку зад водечките Порто и Бенфика.

Во својата кариера пред да се пресели во Португалија, нашиот интернационалец во кариерата беше дел уште од Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина и Риека.

За најдобрата македонска репрезентација има 52 одиграни натпревари и еден гол против селекцијата на Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот