Реконструкција на тимот: Девет играчи ќе го напуштат Е. Пелистер

Играчите кои беа носители се разделуваат со македонскиот вицешампион/Фото: Е. Пелистер

Ракометниот клуб Е. Пелистер ја известува јавноста дека девет ракометари на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот на истек на договорот или со платено обештетување.

Од следната сезона дресот на битолската екипа нема да го носат Мартон Секељи, Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ, Стипе Мандалиниќ, Јосип Периќ, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски.

Од претходно е познато дека тимот ќе го напушти и досегашниот тренер, Жељко Бабиќ.

– Клубот искрено им се заблагодарува на професионалниот пристап и залагањето во изминатиот период. На сите им посакуваме успех во продолжувањето на кариерата на клупско и репрезентативно ниво. Семејството Е. Пелистер секогаш ќе биде и нивно семејство – информираат од клубот.

На последниот лигашки меч за оваа сезона Е. Пелистер триумфираше нд Бутел Скопје со резултат 30:22.

Како што е најавено, од следната сезона во Битола ќе пристигнат новите засилувања Урбан Лесјак, Усама Хосни, Вилсон Дејвис, Руди Сери, Дмитри Васиљев, како и македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот