Официјално: Жељко Бабиќ ќе го напушти Е. Пелистер

Жељко Бабиќ ја прекина соработката со битолската екипа/ фото: Слободен печат: Драган Митрески

РК Е. Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено со тренерот Жељко Бабиќ ја искористи опцијата во договорот за прекин на соработката на крајот на сезоната.

По две и пол сезони битолскиот клуб ќе добие нов тренер за сезоната 2022/23.

– Најискрено му се заблагодаруваме на Жељко Бабиќ за развојот на клубот во претходниот период од 2020 година до денес. Без негова помош нашиот проект немаше да се развива по предвидениот колосек.

Исто така изразуваме благодарност за остварените цели во европските натпреварувања и освоениот Суперкуп на Македонија 2022.

Клубот му посакува многу успех во понатамошната работа и вратите на нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за професионалци како него – известуваат од Е. Пелистер.

Битолчани загубија во куп финалето од Вардар 1961, а на две кола до крајот на сезоната во шампионатот заостануваат еден бод зад скопските „црвено-црни“ во титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот