Рејтингот на Оскарите најнизок во историјата на церемонијата

Гледаноста на последното свечено доделување на Оскарите опадна на 9.85 милиони телевизиски гледачи во САД, што е пад од повеќе од 58 проценти во однос на минатата година и воедно станува збор за најниската гледаност во историјата на церемонијата, покажуваат податоците на каналот ABC кој го пренесуваше доделувањето.

На почетокот на 2020 година, пред пандемијата која го покоси Холивуд и филмската индустрија, вечерта во која се доделуваат Оскарите привлече 23,6 милиони американски гледачи, што беше најлошата гледаност дотогаш. Најновиот лош резултат беше очекуван од филмските експерти и тој одговара на податоците со останатите филмски доделувања на награди, како Златниот глобус.

Кината во поголем дел во 2020 година беа затворени и филмските студија ги одложуваа големите продукции, па овогодишнешните кандидати за Оскарите не и беа познати на пошироката публика.

Падот на гледачите на доделувањето на Оскарите се случува редовно во последните години. Уште во 2014 година гала вечерта ја следеле 43 милиони гледачи пред екраните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот