Рецепт за освежувачка салата од цреши и козјо сирење за жешките денови
Најдобрите летни оброци се лесни за варење, ладни и се приготвуваат без готвење. Почестете се со салата што ги задоволува сите критериуми, а нејзината интересна комбинација буди љубопитност.
Препорачано
Салата од најдоброто летно овошје и едноставен кисел дресинг е навистина совршена! Кељот, црешите и кремастото козјо сирење се комбинираат во совршено трио од бои и вкусови, што се надополнува со брзиот и лесен балсамико прелив за салатата. Свежи состојки во своето најдобро издание!
Иако овој оброк е многу лесен, може да се сервира со прилог или со протеини по ваш избор. Обожаваме убав лесен оброк во лето, а уште подобро, оброк без готвење! Здравата исхрана и подготовката на вечера не мора да одземаат многу време или да бидат комплицирани, ниту пак треба да ја загреваат куќата или да бараат какво било готвење.
Состојки:
– 60 мл балсамико оцет
– 3 лажици маслиново масло
– 1 лажица чист јаворов сируп
– четвртина лажичка сол
– четвртина лажичка свежо мелен црн пипер
– 150 г свеж „бејби“ кељ и мешан зелен зеленчук
– 240 г цреши, без коски и преполовени
– 60 г издробено козјо сирење
– 60 г печени ореви или пекан (по желба)
Подготовка:
Состојките за дресингот (преливот) измешајте ги во мала тегла и затворете со капак – силно протресете ја теглата 10 секунди за да се соединат. Алтернативно, измешајте ги состојките заедно во мал сад и оставете ги настрана.
Ставете го зелениот зеленчук во голем сад и прелијте го дресингот, промешајте за да се обложи.
Салатата со цреши, издробено козјо сирење и пекан ореви сервирајте ја, а нејзината содржина е доволна за четири порции.


