Рецепт со ленено семе со кој ќе ги решите проблемите со мрзливите црева и запекот

Лененото семе се користи за заштита на слузокожата, а поради својството да омекнува, се употребува против запек и за чистење на цревата. Мелените семки од лен, од една страна ја омекнуваат содржината на цревата, а од друга страна ги „подмачкуваат“ цревата и го олеснуваат движењето на содржината низ нив.

За превенција од опстипација (запек), се препорачува секојдневно консумирање една лажица мелено семе од лен, како додаток на основниот оброк. Важно е да се истакне дека овој природен лек не е воопшто штетен, па затоа, без страв можете да го користите како додаток на јадењата. Освен што помага кај запекот, лененото семе го намалува холестеролот, ја поттикнува
детоксикацијата на организмот, го намалува ризикот од рак на дојка и од други видови карцином.

За разлика од разните лаксативи, кои во претерани количини, односно со нивно злоупотребено користење може да дојде до сериозни нуспојави, лененото семе е сосема здрав производ без несакани последици за здравјето.

Ви претставуваме едноставен рецепт кој ефикасно го решава проблемот со мрзливите црева, нередовното одење во тоалет и хроничниот запек (тврда столица).

Состојки:
– 1 лажичка ленено семе
– 1 шолја минерална вода

Подготовка:
Навечер една лажичка ленено семе ставете во шолја минерална вода. Лесно измешајте и оставете на собна температура до наутро – треба да отстои барем осум часа.
Наутро на празен желудник испијте ги зрнцата ленено семе (кои ќе бидат речиси распаднати) заедно со водата. Вода речиси и ќе нема, бидејќи семките ќе набабрат и ќе ја впијат цела течност, тоа ќе стане како желе.
Дозата е за еднократна употреба и се подготвува нова за секој ден. По желба можете да измешате со кисело млеко и да додадете во смуди, или во овесна каша, како додаток.
Ако сакате целосно да го исчистите дигестивниот систем, втората недела на користењето на оваа напивка, зголемете ја дозата на 2 лажички ленено семе, третата на три, четвртата намалете повторно на две и потоа продолжете со дозата од почетокот, по една лажичка дневно.
Може да се зема неограничено време и нема никакви несакани ефекти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот