Реал Мадрид е највреден фудбалски клуб но е далеку зад НФЛ и НБА екипите

Во листата на магазинот „Форбс“ на највредни спортски екипи доминираат американските.

„Форбс“ и оваа година ја објави листата на највредни спортски екипи на светот, а на која веќе петта година по ред на првото место се наоѓа НФЛ тимот Далас каубојс кој е проценет на дури 5.5 милијарди долари.

На листата доминираат американските спортски екипи, така на второто место се наоѓа најпознатиот бејзбол тим на светот, Њујорк јенкис чија вредност изнесува пет милијарди долари, а потоа следат три НБА тима, Њујорк никс (4.6 милијарди), Лос Анџелес лејкерс (4.4 милијарди) и Голден Стејт вориорс (4.3 милијарди).


Во првите десет највредни спортски екипи има и три фудбалски, Реал Мадрид е највреден фудбалски клуб кој е проценет на 4.24 милијарди, Барселона вреди четири милијарди, а на 10. место се наоѓа Манчестер јунајтед кој е проценет на 3.8 милијарди долари.

На листата на 50 највредни екипи уште само четири фудбалски и тоа Баерн Минхен кој се наоѓа на 24. место со 3.02 милијарди долари, 34. е Манчестер сити (2.69 милијарди), 37. е Челси (2.58 милијарди0 и на 47. место е Арсенал кој вреди 2.27 милијарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот