Реакција на Национална пливачка федерација: Пливачка федерација на Македонија не постои како правен субјект

Националната пливачка Федерација реагира на написот со наслов Одложено Отвореното национално првенство, АМС ќе ги средува состојбите во пливањето.

НПФ демантира дека Пливачката федерација на Македонија (ПФСМ) на чие чело е Александар Маленко како правен субјект не постои и поради тоа не смее да организира натпреварување кое се нарекува Национално првенство.
Демантот на Националната пливачка федерација го објавуваме во целост:

Почитувани

Како единствена и одговорна федерација за пливањето и пливачките спортови во Македонија,сакаме да го демантираме дененшното известување од таканаречената “Пливачка федерација на Северна Македонија” во однос на неодржување на Националното првенство.

Како прво сакаме да Ве запознаеме дека единствена Федерација во Македонија е и Националната пливачка федерација за која подоле во мејлот имате и известување од Централниот регистар дека таков правен субјект “Пливачка федерација на Северна Македонија” не постои,со тоа доаѓаме до заклучок дека таа таканаречена федерација не смее да организира натпревар кој се нарекува Национално првенество.
Зимското Национално Првенство се одржа на 12-13.12.2020 година:http://pfm.org.mk/?p=4299.

Известување од Централен регистар

Како второ,Ние како федерација изготвивме протокол за одржување на натпревари во затворен простор кој е одобрен од страна на Комисијата за заразни болести,Владата на Република Северна Македонија и Кризниот штаб и според тој протокол ние одржавме 5 Меѓународни натпревари и Зимско Национално Првенство. и воедно според истиот продолжување со исполнување на програмата на натпревари за 2021 година: http://pfm.org.mk/?p=1358.

Како трето,денес 11.02.2021 делегација на Националната пливачка федерација заедно со својот правен застапник беше на состанок со Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт,каде што му се презентирани сите докази во однос на правната издржаност за постоење на “неколку” Федерации како што одредени лица сакаат да кажат и каде што му е објаснето дека Летното Национално Првенство е закажано според програмата на Националната Пливачка Федерација за Јули каде што исто како и на Зимското Национално Првенство поканети се сите пливачки клубови од Македонија

И за крајот како четврто,лицето кое се претставува како “претседател” на непостоечката Федерација е веќе пријавено кај сите Авторитети за спортот и ќе биде покрената постапка за негова одговорност и лажно претставување за што веќе еднаш и ве известивме: http://pfm.org.mk/?p=4291

Затоа сакаме да ја Известиме целата јавност дека сите информации кои ќе прозилезат од лицата кои лажно се претставуваа се невистинити,против истите ќе се покрене кривична постапка и ги замолуваме сите спортски интегритети за сите прашања во однос на пливањето да се обратат до Националната пливачка федерација

Со почит
Национална пливачка федерација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот