Растел со мајка атеистка и баба која верувала во магија, а Дали го охрабрил да црта: Животот на Пако Рабан

Фото: Unsplash

Модната сцена загуби уште едно големо име. Легендарниот моден дизајнер, Пако Рабан, почина на 88-годишна возраст во својот дом во Франција.

Рано детство

Пако Рабан беше роден на 18 февруари 1934 година во Сан Себастијан, Шпанија. Се родил како Франциско Рабанеда е Куерво. Неговиот татко бил генерал, во 1937 година, за време на Шпанската граѓанска војна, бил застрелан од франкоистите.

Во 1939 година, по смртта на неговиот татко, Франциско се преселил во Франција со неговата мајка и баба. Според самиот моден дизајнер, „овие жени имале огромно влијание врз него, иако имале директно спротивни ставови за светот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monsieur Le Mc (@le_monsieur)

Неговата баба била исклучително религиозна и во исто време верувала во магија. Мајка му, напротив, била атеист и убедена комунистка. Мајката на Пако, била главна шивачка во првата модна куќа на Кристобал Баленсијага во Доностија, Баскија

Образование и модни почетови

Архитектурата била неговата прва љубов. Низ годините таа љубов се проткајуваше во се што создавал. Во 1952 година, Франциско се запишал на студии во Националното училиште за ликовни уметности, на архитектонскиот оддел. За да ги плати студиите, тој создавал модни додатоци и украсни предмети за Баленсијага. Во овој период, неговата мајка работеше во Модната куќа, таа беше асистент на Кристобал Баленсијага.

До 1960-тите Франциско Рабанеда е Куерво реши да го смени своето име и го скрати во Франк Рабан. Дизајнерот верувал дека мистичниот број 13 (бројот на буквите во името и презимето на Франк Рабан) требало да му донесе среќа.

По некое време, тој го промени своето име во Пако Рабан. Пако е скратена форма на името Франциско и на грчки значи „гавран“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Junto x Misturado (@juntoxmisturado)

Во семејството Куерво, оваа птица се сметаше за покровител на семејството. Така, од 1965 година, дизајнерот почна да ги потпишува своите креации со името „Paco Rabanne“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeanjoão Andrade (@andradejeanjoao)

Светот дозна за Пако

Сите го славеа неговиот необичен стил и смелост изразен преку незаборавните модни дизајни и необични материјали. Тоа беше стана неговиот заштитен знак по кој беше препознатлив.

Во 1966 година, дизајнерот ја претстави својата прва колекција на висока мода наречена „12 фустани направени од модерни материјали кои не треба да ги носите“.

За да ја покажат работата на Рабан, 12 боси модели со темна кожа излегоа на подиумот во музичка придружба. Тие носеа облека од пластика и метал. Едниот сет беше создаден од алуминиумски плочи и месинг жица, другиот од клешти и слични елементи. Колекцијата доживеа огромeн успех. Името на Пако Рабан стана познато низ целиот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wasteland (@shopwasteland)



Поттикнат од ентузијастичните американски следбеници и духот на експериментирањето од 60-те години, Рабан премина од пластика на метал, хартија и крзно, попатно облекувајќи ги Миа Фароу, Одри Хепберн и Џејн Фонда.
Иако неговите дизајни беа нетрадиционални, тој во една прилика изјави: „Јас сум еден од најкласичните креатори на модата. Сен Лорен, Баленсијага, Живанши и Карден се барок“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Les Mondaines (@mondaines_du_16)


Во 1968 година ја креираше легендарната зелена креација која Џејн Фонда ја носеше во научнофантастичниот филм „Barbarella“ и тоа го вивна во ѕвездите бидејќи филмот доживеа култен статус, а многумина ја фалеа естетиката на целокупното остварување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Constance Angelle (@constanceangelle)

Истата година почнал да работи со компанија за парфеми, а осум години подоцна изградил фабрика за парфеми во Франција.

Неговиот приватен живот бил мистерија

Малку се знаеше за приватниот живот на Пако. Дизајнерот го држење својот интимен живоит далеку од очите на јавноста. Тој беше многу таинствен по ова прашање. Нема информации и дали Пако има свои потомци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S Moda (@s_moda)

Исто така, тој никогаш јавно не зборувал за својот имот и заработка, но неговото богатство било проценето на 28 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот