Растат девизните резерви, НБ прогнозира продолжување на ваквиот тренд

Високото ниво на девизни резерви е добро за одржување стабилен курс на денарот.

Девизните резерви на земјава од почетокот на месецов бележат раст од 603,8 милиони евра и според Народната банка тие во изминатиот период достигнаа историски највисоко ниво и оти очекуваат нивен натамошен раст.

– Високото ниво на девизните резерви од над три милијарди евра, не само што е соодветно за одржување на стабилен курс на денарот, туку како што веќе и имаме посочено, тоа е двојно повисоко во однос на 2008 година, кога како централна банка успешно одговоривме на предизвиците од тогашната глобална економска и финансиска криза, наведуваат од Народната банка и додаваат дека тие се клучни за гаранција на стабилноста на девизниот курс на домашната валута.

Потсетуваат дека Народната банка има и низа инструменти што се дополнителна гаранција за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

– Со најновите проекции на Народната банка, во претстојниот период се очекува натамошен раст на девизните резерви. И во проекциите на сите релевантни меѓународни институции се посочува дека нивото на девизните резерви на нашата земја е и ќе остане адекватно и дека на ниту еден начин нема да биде загрозена стабилноста на денарот. Неодамна, во текот на мај, двете најугледни светски агенции за кредитен рејтинг – „Стандард и Пурс” и „Фич”, во основа задржувајќи го досегашниот кредитен рејтинг на земјата, истовремено потврдија и дека нема опасности за стабилноста на девизниот курс на нашата домашна валута, истакнуваат од Народната банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот