Рано откривање на рак на дојка: Што е мамографија и зошто ни е потребна?

Фото: Промо

Студиите покажуваат дека рутинскиот скрининг за рак на дојка може да ја намали смртноста за една третина, а според најновите испитувања, овој процент се зголемува и до 40-50%. Овојпат објаснуваме што е мамографија и зошто ни е потребна.

Раното откривање на рак на дојка може да спаси животи и да помогне да се избегнат високоинвазивни третмани. Додека здравствените власти често издаваат опсежни упатства, реалноста е дека не постои еден универзален пристап кој би се применил кај сите видови испитувања за рак на дојка. Затоа лекарите за да донесат одлука кој вид испитување за рак на дојка да применат, (мамографија, ултразвук – ехо и магнетна резонанца) земаат предвид низа фактори, како што се семејната и медицинската историја и секако густината на ткивото на градите.

Овојпат објаснуваме што е мамографија и зошто ни е потребна.

Тест кој вклучува снимање со ниски дози зрачење

Мамографија – скрининг мамограм е тест кој вклучува снимање со ниски дози зрачење, кој им помага на лекарите да ги забележат промените во ткивото на дојката. За време на 10-минутна процедура, техничар ги поставува вашите гради – една по една – помеѓу две површини за снимање. Со примена на притисок врз плочите се добива подетална слика со помала доза на зрачење. Здравствените власти, вклучително сите домашни, но и светски организации што се борат за навремено откривање, превенција и лекување на канцер на дојка, препорачуваат жените да започнат со годишен скрининг мамограф на возраст од 40 години.

Опции во рамките на мамографијата

2Д мамографија: 2Д дигиталната мамографија прави две рендгенски снимки на дојката. Една во горен ракурс т.е одозгора и една од страна. Ова се дводимензионални слики, што значи дека ткивото што се преклопува може да скрие абнормалности што би можеле да бидат знаци на рак.

„2Д мамограмите се сè уште важни како методологија, особено за зголемување и карактеризирање на калцификациите кои вообичаено се појавуваат во ткивото на дојката“, вели д-р Магделена Поповска-Цветкова.

3Д мамографија или дигитална томосинтеза на дојка: Со 3Д мамографија, системот за снимање се движи во лак над градите, земајќи повеќе рендгенски слики од различни агли. Со помош на 3Д мамографија радиолозите добиваат 200 до 300 слики, во споредба со само четири со 2Д технологија.

„Жените треба да размислат за 3Д мамографија, особено ако имаат гради со густо ткиво“, вели д-р Мимоза Толевска.

3Д скрининг мамографијата може да ја зголеми стапката на откривање на рак во некои случаи, а студиите сугерираат дека исто така може да ги намали повторените прегледи на пациентите до 30%.

Ако имате опиплива грутка, локализирана болка во градите или сте забележале промени на кожата/брадавицата или исцедок од брадавиците, вашиот лекар може да наложи дијагностичка мамографија. Со дијагностички мамограм, радиолог нарачува специјализирани 2Д и/или 3Д мамографски прегледи, како што се зголемување и компресија на место, и ги прегледува сликите во реално време. На тој начин, доколку е потребно дополнително снимање, тоа се случува во моментот на вашиот преглед.

Препорака: ако се вакцинирате против ковид-19 или грип, закажете ги вашите скрининг прегледи пред првото вакцинирање или четири до шест недели по втората доза на вакцина. Вакцинацијата може да предизвика привремено отекување на вашите лимфни јазли. Додека отечените лимфни јазли од вакцината укажуваат на силен имунолошки одговор, тие може да се појават на мамограмите и да биде потребно дополнително снимање и следење. Не одложувајте никаков дијагностички скрининг поради која било друга причина, советуваат докторите од Клиничката болница „Жан Митрев“.

Не чекајте, закажете го вашиот преглед или навремена консултација на 02/3091-484. Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот