Се расипал мамографот во Штип, снимањата ќе се одвиваат во Кочани, а резултатите ќе ги читаат штипските доктори
Поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип, жените од овој регион ќе треба да прават мамографии во Општата болница во Кочани, информираат од Министерството за здравство. Мамографиите ќе се изведуваат во Кочани, додека пак снимките ќе ги читаат докторите во Клиничка болница Штип. Согласно медицинските индикации, пациентките кај кои е потребен дополнителен ехо …

