Рама: Од 1 октомври 767.000 пензионери во Албанија ќе имаат покачување од 8,6 отсто

Еди Рама / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Премиерот Еди Рама утрово го почна со радосна вест за покачувањето на пензиите во Албанија, одлука донесена од Владата ден претходно, пренесува Визион Плус. Над 767.000 албански пензионери од сите категории од 1 октомври ќе имаат зголемување на пензијата од 8,6 отсто.

-Добро утро. Ве информирам дека од 1 октомври над 767.000 пензионери од сите категории ќе имаат покачување на пензијата од 8,6 отсто, пишува Рама на социјалните мрежи.

Одлуката стапува на сила на 1 октомври и предвидува индексирање на 8,6% од сите категории пензии, (старски пензии, целосни, делумни пензии, намалени пензии, инвалидски пензии, пензии дадени за посебна државна помош итн.) .

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот