
Путин: Долго страдавме, не влечеа за нос и не измамија – Донбас не може да се реши мирно
Русија направи се за да ја нормализира ситуацијата во Донбас со мирни средства, но тоа по дефиниција не беше можно, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој посочи дека Русија не може да не реагира на настаните што се случија во Украина во 2014 година, вклучувајќи го и истребувањето на населението што зборува руски.
Препорачано
„Долго страдавме, долго се обидувавме да се договориме. Како што се испостави сега, нè влечеа за нос, не измамуваа. Вакво нешто не ни се случува првпат. Сепак, направивме се за мирно да се нормализира ситуацијата. Сега стана очигледно дека такво нешто, по дефиниција, беше невозможно“, рече Путин на средбата со ветераните од Втората светска војна по повод 80-годишнината од пробивањето на блокадата на Ленинград.
Непријателот се подготвуваше да го претвори конфликтот во опасна, горлива фаза. Немаме друг избор освен да го направиме тоа што го правиме сега, додаде Путин. Според него, борбените операции во Донбас не престанале од 2014 година и сите руски активности, вклучително и специјалната операција, се насочени кон ставање крај на таа војна.
„Сеопфатните борбени операции во Донбас траат од 2014 година, со употреба на тешко оружје, артилерија, тенкови и авијација. Сето тоа се случуваше. Сè што правиме денес, вклучително и специјалната операција, е обид да се стави крај на таа војна. Ова е значењето на нашата работа. И да ги заштитиме нашите луѓе кои живеат таму“, рече Путин, пренесе српска Политика.