Прво мастерс финале во кариерата за Каспер Руд

Каспер Руд ќе игра во финалето на турнирот во Мајами/фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Осмиот светски тениси рекет Каспер Руд обезбеди пласман во финалето на турнирот од мастерс серијата 1000 во Мајами откако во полуфиналето беше подобар од Франциско Серудоло со 6:4, 6:1. Руд до своето прво мастерс финалето дојде за 95 минути игра.

Првиот сет започна со брејк на Серундоло, но Руд веднаш направи ри-брејк и израмни на 1:1 во гемови. Потоа и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис и така беше се до десеттиот гем кога Руд ја искористи втората брејкт топка на сервис на Аргентинецот што значеше и водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет, Норвежанецот немаше проблеми против индиспонираниот противник и два пати го одзеде сервисот на Серундоло за убедливи 6:1 и за прв пат во кариерата се пласираше во мастерс финале.

Противник во финалето ќе му биде подобриот од натпреварот помеѓу  бранителот на трофејот  Хуберт Хуркач и Шпанецот Карлос Алкарас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот