Прво грен слем финале за Сабаленка по победата против Линет на „Австралија опен“

фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Арина Сабаленка се пласираше во финалето на „Австралија опен“ откако славеше против Магда Линет од Полска.

Белоруската тенисерка на теренот во Мелбурн за еден час и 35 минута со резултат 2:0 (7:6, 6:2) во сетови ја совлада Линет.

Првиот сет беше најнеизвесен кој беше решен во тај-брејк кој Сабаленка го освои со 7:2, а на стартот од вториот направи два брејка по што истиот го доби рутински. Линет имаше три брејк топки, но не искористи ниту една, па нејзината противничка стигна до 5:1.

За Сабаленка ова ќе биде прво финале во кариерата на грен слем турнирите каде до сега нејзин најдобар пласман беше полуфиналето на „Вимблдон“ и „УС Опен“ во 2021 и 2022 година.

За нејзината прва грен слем титула ќе игра против Елена Рибакина која претходно ја елиминираше Викторија Азаренка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот