Првиот човек на „Австралија опен“ му посакува добредојде на Новак Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Директорот на тенискиот грен слем турнирАвстралија Опен“, Крег Тајли, изјави дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ треба да пристигне денеска во Австралија, нешто помалку од една година откако беше депортиран откако одби да се вакцинира против коронавирусот.

– Му посакуваме добредојде во Австралија. Мислам дека додека зборуваме, тој патува за Аделаида и мислам дека тој ќе биде играчот кој ќе мора да го победите ако сакате да ја освоите титулата – рече Тајли.

Првиот Грен слем турнир во новата сезона ќе се одржи од 15 до 29 јануари 2023 година во Мелбурн.

Деветкратниот шампион на „Австралија опен“ и освојувач на 21 грен слем титула Ѓоковиќ доби забрана за одбрана на титулата во Мелбурн на почетокот на јануари, бидејќи не беше вакциниран против коронавирусот, кој беше задолжителен за влез во Австралија.

Потоа беше депортиран и три години му беше забранет влез во земјата, но таа забрана беше укината во ноември. Светскиот рекет број пет ќе игра прв на турнирот во Аделаида, кој започнува в недела.

– Во минатото, секогаш имав шанса да започнам силни натпреварувачки сезони во Австралија и сакам да играм таму. По она што се случи минатата година, се надевам дека ќе добијам вистинско добредојде и дека тоа ќе ми помогне да го играм мојот најдобар тенис – рече Ѓоковиќ во петокот во Дубаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот