Првиот Британец кој ќе ја тестира вакцината за коронавирусот: „Еве кои ќе бидат споредните ефекти“

Симеон ги открива главните нуспојави…

Британецот Симеон Корти гостуваше во емисијата „Добро утро Британија“ со цел да открие зошто доброволно се пријавил за тестирање на вакцината за КОВИД-19 како и тоа кои се споредните ефекти од оваа вакцина.

Корти е еден од 500-те волонтери кои помагаат во првото европско тестирање на вакцините на луѓето, а кое се врши во Оксфорд, а скромно вели дека „тој е само мал дел од проектот“.

Симеон, писател и поранешен ТВ водител, раскажа дека постојат одредени несакани ефекти на вакцината, како што се симптомите слични на грип и болките во телото, кои не би требало да траат подолго од неколку денови.

Пробното тестирање започна, но првата вакцинација ќе биде следната среда. Научниците веруваат дека ќе искусиме симптоми слични на грип. Веројатно ќе имаме и други благи нуспојави, а во најлошиот случај ќе имаме неколку денови болки, открива Корти.

По првата вакцина, Симеон, во зависност од тоа во која група припаѓа, ќе прими уште една или две вакцини.

Тестирањето е поделено во две групи, едната група прима вакцина против новиот коронавирус, а другата против менингитис. Испитаниците нема да знаат во која група се, бидејќи и двете вакцини предизвикуваат слични нуспојави.

– Нема плацебо група, каде ќе добиете нешто како вода со шеќер. Или ја добивате вистинската нова вакцина која ја развиваат или вакцината која веќе е одобрена – онаа која им се дава на тинејџерите да ги заштити од менингитис, истакна Симеон.

Корти многу скромно објаснува дека себе си не се доживува како херој и дека волонтира исклучиво да им помогне на луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот