Првенец за Стојановски во дресот на Ним (ВИДЕО)

twitter.com/nimesolympique

Во оваа победа на Ним придонесе и новото засилување, најдобриот стрелец од ланската сезона во македонскиот шампионат, Влатко Стојановски.

Нашиот интернационалец настапи во второто полувреме и само три минути му беа потребни да дојде до првиот погодок за својот нов клуб. Тој стрелаше во 48 минута од средбата за зголемување на предноста од 3:0.

ГОЛОТ НА СТОЈАНОВСКИ НА ВИДЕО ЗАПИСОТ (01:02 – 01:05 МИН.)

Доказ зошто станува збор за врвен голгетер, а тренерот Бернар Блакар сигурно сега поинаку ќе гледа кон Стојановски кого првично не го сметаат како „подготвен“ за настап против најквалитетните француски клубови, како ПСЖ, Лион

Да потсетиме потпиша договор на три години со екипата на Ним и го носи бројот 17 на дресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот