Има потенцијал, но Стојановски не е подготвен за мечеви со ПСЖ, Лион..!
Денеска беше објавено дека најдобриот стрелец во Првата македонска фудбалска лига, Стојановски, во редовите на францускиот прволигашки клуб Ним.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иако за минатата сезона беше најдобар стрелец, зачудува фактот што за играчот од Делчево нема до сега повик од А селекцијата на Македонија, но секако селекторот Игор Ангеловски е тој што секогаш го крои составот пред новите репрезентативни натпревари.
Спортскиот директор на Ним нешто над една година ги следел настапите на 22-годишниот Стојановски. Француските медиуми најавуваат дека в среда претпладне се очекува да биде нашиот интернационалец на стадионот на Ним, а потоа и го потпише најавениот договор на три години.
– Тој е централен напаѓач, стрелец, паметно игра во казнетиот простор каде што ги користи и двете нозе за шут и реализација. Исто така снаодлив и со глава. Играч кој придонесува за тимот, но моментно мислам дека не е подготвен за настап во најсилната француска Лига 1. Со него ќе биде тренерот Бернар Блакар, има потенцијал и можеме да сметаме на него во иднина – анализира спортскиот директор на Ним, Лорен Боисие кој патем воедно го потврди доаѓањето на Стојановски.
Во меѓувреме веќе е објавен и календарот на натпревари за следната сезона 2019/20 во фрајнцуската Лига 1. На 10 август кога официјално ќе започне сезоната, Ним веќе во првото коло ќе има тешко гостување кај шампионот ПСЖ.


