Најдобриот стрелец во домашниот шампионат се сели во Франција

Најдобриот стрелец во домашниот шампионат во изминатата сезона, Влатко Стојановски од следната сезона ќе настапува за францускиот прволигаш, Ним.
Според „Л’Екип“, екипата на Ренова ќе инкасира 1.5 милиони евра за фудбалерот кој минатата сезона постигна 18 голови.

Според францускиот весник, покрај Ним голем интерес за услугите на 22-годишниот македонски фудбалер, пројавија уште и Бундеслигашот Борусија Менхенгладбах но и турскиот Трабзонспор.

Влатко Стојановски кариерата ја започна во Металург, а има настапувано и во Хрватска за екипите на Сплит и Дугопоље.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот