Фото: twitter.com/eswatinigovern1

Прв светски лидер како жртва на ковид-19: Вирусот фатален за премиерот на Есватини

Премиерот на Есватини (поранешен Свазиленд), Амброз Дламини (52) е првиот светски лидер кој почина од ковид-19. Смртта кај него настапила по две недели од итната хоспитализација во болница во Јужна Африка.

Дламини беше позитивен на тест за ковид-19 во средината на ноември, но тогаш се говореше дека се чувствува добро и дека спаѓа во асимптоматски случаи. Меѓутоа, неговата состојба се влоши, па итно беше примен во болница во соседна Јужна Африка.

Официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена, но, сепак, се верува дека дошло до компликации по инфекцијата со коронавирусот.

Есватини има околу еден милион жители, меѓу кои досега се забележани 6.768 заразени лица со ковид-19 и 127 смртни случаи, според тамошното Министерство за здравство, што се поврзани со пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот