Проверени снимките, Фетел го предупреди Хамилтон!

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Потсетување дека Фетел помина прв низ целта, но победата му беше доделена Луис Хамилтон од Мерцедес.

Причината беше казна од додадени пет секунди на крајното време на Себастијан по завршувањето на трката од судиите поради опасно враќање на патеката токму пред Хамилтон.

– Ги проверивме снимките и ги споредивме податоците од болидот. Себастијан не направи ништо недозволено. Откако допушти грешка и помина низ тревата, веќе немаше шанса да се врати на друг начин на патеката – коментираше Биното.

На патеката во Монтреал било невозможно Германецот да ја намали брзината, додека се наоѓал во тревата и да ја промени својата траекторија.

– Единствената негова цел во овој момент беше да го совлада болидот, без да се изврти. Сите во тимот веруваат во него и познавајќи го, очекуваме тој да се врати посилен по одземената победа во Канада, заклучува шефот на „црните коњчиња”.

Моментно во генералниот пласман кај возачите води Хамилтон со 162 бодови, пред неговиот клупски колега Валтери Ботас (133), а трет е фетел со 100.

Уште доста да се вози, останаа 13 трки до крајот на сезоната, а наредниот Формула 1 „циркус“ е наредниот викенд (21-23 јуни).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот