Хамилтон слави во Канада, Фетел не го признава поразот! (ВИДЕО)

twitter.com/F1

Фетел беше казнет со пет секунди, откако во 48 круг го „затвори“ Хамилтон, па донесена беше одлука која предизвика многу полемики и лавина коментари.

– Ова не е апсолутно начин на кој сакав да победам. Го натерав да погреши. Кога се враќате на патеката не смеете да одите директно во линијата на движење – рече Хамилтон.

Фетел веднаш после трката беше разочаран од одлуката да биде казнет.

– Каде требаше да одам? Едвај избегнав да не удрам во ѕид. Ова не е фер, јас сум фокусиран, ни ја крадат трката од нас – беа зборовите на лутиот Фетел од болидот.

На третото место заврши Шарл Леклер од Ферари, а четвртопласиран вториот возач на Мерцедес, валтери Ботас.

Во генералниот пласман кај возачите води Хамилтон со 152 бодови, втор е Ботас со 132, зад Фетел (100) и Ферстапен (88).

Наредната трка од Ф1 шампионатот ќе биде на 23 јуни во Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот