Принцот Ендрjу обвинет за сексуална злоупотреба на малолетничка

Принцот Ендрју, Вирџинија Џуфре и Жислејн (Гислејн) Максвел /Profimedia

Американката Вирџинија Робертс Џурфи, тврди дека на своја 17-годишна возраст била однесена во Велика Британија каде била принудена на сексуален однос со принцот Ендрју. Таа поднесе тужба пред судот во Њујорк велејќи дека принцот извршил сексуална злоупотреба, пренесува Би-Би-Си.

Џурфи, која е една од жртвите на осудениот сексуален педофил Џефри Епстајн, тврди дека принцот Ендрју сексуално ја нападнал во САД и во Лондон.

Синот на кралицата ги негираше ваквите обвинувања.

Нејзината тужба пред судот во Њујорк се повикува на законот за децата кои биле жртви на сексуална злоупотреба од 2019-та година, кога таа прв пат испрати тужба против принцот, но поради пандемијата Ковид-19, тој случај се одложи. Законот ги прошири правата на жртвите кои можат да ги тужат насилниците поради дејство кое тие го извршиле во претходните 11 години.

Во тужбата се вели дека војводата од Јорк три пати присилно сексуално ја злоупотребил Џуфри, која тогаш се викала Вирџинија Робертс, еднаш во куќата на Гизлејн Максвел, соработничката на Епстајн, како и во домот на Ендрју во Менхатен и на американските Девствени Острови.

Кога во 2019-та прв пат беше обвинет Ендрју, принцот негираше дека имал било каква средба со девојката и дека такви средби не се случиле.

Принцот изјави дека тој жали за односот кој го имал со бизнисменот Епстајн, бидејќи тој добро се познавал со познатиот педофил, но ги отфрла сите такви обвинувања за силување на малолетници и дека длабоко се сочувствува со жртвите на Епстајн.

Исплатени 121 милион долари на жртвите на педофилот Џефри Епстајн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот