Принцот Ендрју учествувал во педофилските оргии на Џефри Епстајн?

Фото: Профимедиа

Нов документарен филм ги преиспитува тврдењата дека принцот Ендрју се придружил на оргиите кои ги организирал педофилот Џефри Епстајн и девет млади жени, додека една Британка тврди дека Епстајн сакал да „собира луѓе“ на вакви настани, како и дека принцот му е „најголемиот трофеј“.

Вирџинија Робертс зборувала за овие оргии во судски документи од 2015 година, кои принцот одлучно ги негираше.

Меѓутоа, новиот документарен филм на Канал 4 сега ги преиспитува судските документи и ги бара болничките извештаи на Робертс од времето кога тврди дека е злоупотребувана.

Прилогот се повикува на изјава од јануари 2015 година како дел од случајот за клевета која ја започна поранешната девојка на Епстајн, Гизлејн Максвел, во кој таа вели дека „трипати имала с*кс со принцот за време на оргиите на приватниот остров за педофили“.

Робертс истакнала дека тогаш имала 18 години и дека околу осум млади девојки учествувале во оргиите.

Таа рекла дека Епстајн се шегувал дека девојките не можат добро да комуницираат поради јазничната бариера и дека тие се „најлесните“ девојки со кои може да се согласи за оваа работа.

Истражувачите од Канал 4 ја добиле медицинската документација од 9 јули 2001 година, откако Робертс отишла во болница поради тоа што три недели се соочувала со крварења. Нејзините докази се отфрлени во мај 2015 година.

Епстајн сакал да собира луѓе, а се шпекулира дека принцот бил неговиот најголем трофеј.

– Принцот Ендрју беше најголемиот трофеј на Џефри и оружје кое го користеше за да ја импресионира елитата – тврди Британката Викторија Харви.

Таа додаде дека Епстајн, кој изврши самоубиство во затвор, бил зависен од „собирање на луѓе“, како што се членовите на кралското семејство.

– Сакаше да ги импресионира луѓето. Кога се запозна со членот на кралското семејество, знаеше дека тој е неговиот најголем трофеј – рече таа.

Ендрју рече дека го запознал Епстајн во 1999 година, во исто време кога имал кратка романтична врска со Викторија.

Призна и дека долго време го познавал педофилот, но негираше дека имал било каков контакт и непримерно однесување со малолетници.

Британски „Метро“ пишува дека Епстајн има дури 13 броеви за контакт со принцот Ендрју.

Епстајн во август оваа година си го одзема животот додека чекаше почеток на судењето за трговија со малолетници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот