Принц Вилијам и Кејт Мидлтон ја поддржаа изјавата на кралот Чарлс по апсењето на поранешниот принц Ендру
Принцот Вилијам и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ја изразија својата поддршка за изјавата на Чарлс Трети по апсењето на неговиот брат, Ендру Маунтбатен-Виндзор. Според извори на „Прес Асоциејшн“, принцот и принцезата ја поддржуваат порака на кралот Чарлс објавена утринава, во која тој нагласува дека „законот мора да си го следи својот тек“.
Препорачано
Кралот изјавил дека ја има целосната поддршка и соработка со полицијата по апсењето на својот помлад брат под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Принцот и принцезата од Велс исто така го поддржуваат необичниот јавен настап на кралот по апсењето на Ендру во Сандрингам, што се случи во четвртокот на неговиот 66-ти роденден.

Полицијата на Темз Вели извршила претрес на Вуд Фарм, имотот во Сандрингам, како и на поранешниот имот на Ендрју, Ројал Лоџ.
Во изјавата на кралот, објавена преку Бекингемска палата, тој рече:
„Со најдлабока загриженост ја примив веста за Ендру Маунтбатен-Виндзор и сомнежите за злоупотреба на јавната функција. Она што следи е целосен, правичен и законит процес, со кој надлежните органи темелно ќе ги испитаат сите околности. Во тоа имаат целосна и безрезервна поддршка и соработка од нас. Нека биде јасно, законот мора да си го следи својот тек.
.

Додека процесот е во тек, не би било правилно да давам дополнителни коментари. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ги извршуваме нашите должности и да служиме на сите граѓани“.
Извори додаваат дека Бекингемска палата и кралот претходно не биле известени за операцијата на детективите.
Се очекува кралот да се појави на „London Fashion Week“, додека кралицата Камила имала официјален ангажман во главниот град утринава.
Поранешниот британски принц Ендру е уапсен поради скандалот со Епстин


