ПРИМАМЛИВА ПОНУДА ОД ИТАЛИЈА: 700 евра месечно за да живеете во некои нејзини села

Телеграфи

Регион во јужна Италија во кој има недостаток на жители, нуди 700 евра месечно за три години за живеење во едно од нејзините села.

Сепак, постојат некои услови: Sелото мора да има помалку од 2.000 жители, а новодојдениот мора да вети дека ќе отвори бизнис, пишува „Гардијан“, пренесува Телеграфи.

– Сакавме да направиме повеќе, сакавме луѓето да инвестираат тука. Тие можат да отворат секаква активност: пекара, ресторан, … Тоа е начин да дише животот во нашите села, а истовремено и да се зголеми популацијата – изјавил Донато Тома, претседател на италианскиот регион Молисе.

Тома исто така информираше дека секој град со помалку од 2.000 жители ќе прима 10,000 евра месечно за изградба на инфраструктура и промовирање на културни активности.

– Не станува збор само за пораст на населението. На луѓето им треба и инфраструктура и причина да останат, во спротивно ќе се вратиме таму каде што започнавме пред неколку години – рече тој.

Според Италијанскиот национален институт за статистика (Истат), регионот Молисе, со население од 305.000 жители, е меѓу регионите што изгубиле најмногу жители во последните години – над 9.000 заминале од 2014 година.

Во 2018 година, повеќе од 2.800 жители починале или се преселиле во друга област, скоро 1.000 повеќе од пред една година. Ниту едно раѓање не е забележано во нејзините девет села.

Исто така, за прв пат за 90 години, бројот на италијанските жители кои живеат во Италија се намали на околу 55 милиони, според Истат.

Инаку, Италија се смета како единствена голема европска економија, чие население се очекува да се намали уште повеќе во наредните пет години, според Обединетите нации. Таа се рангира на второто место – по Јапонија – како земја со најголем процент на стари лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот