фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Пресврт на повидок: Синер побрзо од очекуваното може повторно да стане број еден

Она што до пред само две-три недели изгледаше како речиси невозможна мисија, веќе на почетокот на април може да стане реалност. Доколку Јаник Синер ја освои титулата во Мајами, каде што важи за главен фаворит, а потоа го повтори успехот и на турнирот во Монте Карло или барем одигра значително подобро од Карлос Алкараз, Италијанецот би можел да го преземе првото место на АТП-листата.

Шпанецот имаше фантастичен старт на сезоната, освојувајќи ги турнирите во Мелбурн и Доха, врза 16 победи по ред и веќе почнаа споредбите со легендарната серија на Новак Ѓоковиќ од 2011 година. Но, потоа следуваше пад во формата.

Најпрво беше поразен во полуфиналето на Индијан велс од Данил Медведев, што и не е преголема сензација, со оглед дека станува збор за тенисер кој некогаш беше број еден. Сепак, вистинскиот шок дојде во Мајами, каде што Шпанецот доживеа елиминација уште во третото коло од Себастијан Корда, кој е 36. тенисер на светската ранг-листа.

Ваквиот развој на настаните сериозно ја загрози првата позиција на Алкараз, иако до неодамна изгледаше како сигурна. Ако Синер триумфира во Мајами, ќе ја намали разликата на само 1.190 поени, а пред само неколку недели заостануваше повеќе од 3.000 поени.

Сега следува незгоден период за Шпанецот. Веќе за две недели го чека одбрана на титулата во Монте Карло, што носи 1.000 поени. Од друга страна, Синер минатата година не настапи на Азурниот Брег поради суспензија, што значи дека нема поени за бранење. Доколку ја освои титулата, лесно може да избие на врвот.

Дополнителен притисок за Алкараз е и турнирот во Барселона, каде што брани финале и нови 330 поени. Потоа ситуацијата делумно се израмнува, бидејќи ниту двајцата не настапија во Мадрид минатата сезона, додека во Рим, Синер се врати на терените по тримесечна пауза. Секако, има тука и уште опции, меѓутоа најважно е да се види прво дали Италијанецот ќе ја оправда улогата во Мајами.

Сензација во Мајами – Алкараз е елиминиран

ВИДЕО: Синер лесно до трето коло во Мајами, израмни и рекорд на Ѓоковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот