Сензација во Мајами – Алкараз е елиминиран
Светскиот рекет број еден Карлос Алкараз нема по добро да ја памети американската турнеја, откако по разочарувањето во Индијан велс, рано го заврши настапот и на Мастерсот во Мајами.
Препорачано
Шпанецот беше елиминиран уште во третото коло, откако подобар од него се покажа Американецот Себастијан Корда, кој по нешто повеќе од два часа игра славеше со 2-1 во сетови (6-3, 5-7, 6-4).
Алкараз во текот на целиот натпревар тешко влегуваше во посакуваниот ритам. Иако во вториот сет успеа да се врати со серија од четири освоени гема и да израмни, во решавачкиот дел повторно падна во играта. Корда ја искористи шансата, направи клучен брејк во седмиот гем и го приведе мечот во своја корист.
Со овој неочекуван пораз, се отвора простор за Јаник Синер дополнително да ја намали разликата на АТП листата, но Италијанецот ќе мора да оди до самиот крај и да го освои турнирот во Мајами, како што тоа го направи и во Индијан Велс.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
41мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


