Премиера на четвртата сезона на серијата „Fargo“ оваа есен: Дали мафијашките семејства ќе успеат да воспостават примирје? (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб

Новата, четврта сезона на антологиската серија „Fargo“ која доби многу пофалби, требаше да биде емитувана во април оваа година. Меѓутоа, премиерата беше одложена поради пандемијата на коронавирусот. Сега има нов датум за премиера – недела, 27 септември, на каналот „FX“.

Од „FX“ најавија дека снимањето на четвртата сезона ќе биде продолжено овој месец, а дека на 27 септември ќе бидат емитувани првите две епизоди, пишува „Collider“.

Новите епизоди потоа ќе бидат емитувани секоја недела во 22 часот на „FX“, а ќе бидат достапни и за стриминг преку „Hulu“.

Ноа Хаули се враќа во четвртата сезона која се одвива во Канзас Сити во 1950-та година, а фокусот е ставен на двата криминални синдикати со сложени меѓусебни односи. Со цел да постигнат примирје, челниците на двете семејства – афроамериканското и италијанското, се согласија едно на друго да си ги предадат своите најмлади синови. Но, ситуацијата се менува кога раководителот на италијанската мафија умира, а сето тоа „постигнатото примирје“ го става на стаклени нозе.

Крис Рок го толкува шефот на афроамериканскиот крими синдикат, а се појавуваат и Џејсон Шворцман, Салваторе Еспозито, Бен Вајшо, Џеки Бакли, Џеј Хјустон, Тимоти Олифант и други.

Погледнете го трејлерот за четвртата сезона…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот